Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Борел: Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 19, 2022 16:45

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

За време на разговорот премиерот Ковачевски се заблагодарил за личната поддршка и посветеност на господинот Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.

Ковачевски го запознал Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

На домашен план, истакнал Ковачевски, Северна Македонија го спроведува постпандемиското економско закрепнување со силен акцент на инвестиции во зелената и дигиталната трансформација и во зајакнувањето на отпорноста на општеството со инвестиции во здравството и во социјалната поддршка за граѓаните.

Во однос на енергетската криза, рече на средбата Ковачевски, Северна Македонија има активно учество во неколку големи регионални проекти со значајна буџетска помош од ЕУ, со што земјата станува клучна алка за сигурна дистрибуција на енергенси.

Како земја која ги прифати европските вредности и политики, нагласи премиерот Ковачевски, ЕУ може да смета на соработка со нашата земја во справувањето со заедничките предизвици.

Премиерот Ковачевски го поканил потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел да ја посети Северна Македонија.

Димитар Ковачевски ЕУ Жозеп Борел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.