НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: И во услови на криза одржуваме ниска инфлација и стабилен финансиски сектор

0
By Biljana on February 20, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На маргините на Минхенската безбедносна конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Премиерот Ковачевски го истакнал како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги посочи и препораките на ММФ за дизајнирање и спроведување на идните реформи кои ќе овозможат справување со предизвиците од пандемијата и енергетската криза.

Претседателот на Владата Ковачевски нагласил дека Северна Македонија влезе во пандемијата со солидни макроекономски основи, и како и во текот на предкризниот период, одржуваше ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор.

Ефективната поддршка на ММФ на овие политики, посочил премиерот Ковачевски на средбата, помогна да се ублажи економското и социјалното влијание на кризата од КОВИД-19.

Премиерот дополнил дека со поддршка од финансиските инструменти на ММФ, владата спроведе шест пакети фискални мерки за да помогне во решавањето на проблемите со ликвидноста на фирмите, да ги заштити работните места , и ги поддржа најранливите преку субвенции за плати, одложување на даноци, субвенционирани заеми и гаранции за заеми за фирмите, поддршка специфична за секторот, инвестициски стимулации и финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи.

Како еден од резултатите на овие мерки, стапката на невработеност на крајот на 2021 година, во екот на пандемијата се намали на историски 15,7 отсто, за разлика од стапката од 32,1 отсто во 2010 година.

Премиерот Ковачевски на средбата со директорката на ММФ Кристалина Георгиева истакнал дека Владата е целосно посветена на реформите во управувањето со јавните финансии. Во согласност со препораките на ММФ, на Светската банка и на Европската Унија, посебно внимание се посветува како на подобрена транспарентност така и на дигитализирање на процесите во Царинската управа и Управата за јавни приходи.

Димитар Ковачевски ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.