НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мелов обвини дека градоначалникот Јанчев се фали со туѓи проекти: Градинката и спортската сала се финасирани од Владата ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вчерашниот отчет на градоначалникот Митко Јанчев можеме да видиме дека за сто дена, нема започнато ни реализирано ниту еден од капиталните проекти, кои на последните локални избори ги ветуваше и ја бараше довербата од граѓаните, рече на прес конференција Вуко Мелов, координатор на советничката група на СДСМ во Кавадарци

– Празните страници од стодневниот отчет Митко Јанчев проба да ги потполни со проекти кои се од исклучително значење за Кавадарци, меѓутоа кои се реализирани од страна на Владата предводена од СДСМ. Во отчетот на градоначалникот наведена е изградбата на детската градинка „Сонце”, проект кој целосно е финансиран од Министерството за труд и социјална политика во вредност од 57.4 милиони денари, рече Мелов.

Во склоп на овој проект на Министерството за труд и социјална политика, за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка, покрај во Кавадарци беа изградени и детски градинки во 17 други општини.

– Спортската сала во О.У Страшо Пинџур која исто стои во отчетот на градоначалникот е проект во вредност од 23 милиони денари, реализиран од страна на Министерството за образование и наука, односно на Владата предводена од СДСМ. СДСМ преку централните институции реално инвестира во Кавадарци и работи за граѓаните. Единствениот проект на Општина Кавадарци, е изградбата на „Градскиот пазар”, кој после 4 години мандат сеуште не е завршен, потсетува Мелов.

Според него, Митко Јанчев во еден мандат не успеа да го заврши единствениот самостоен проект, за кој патем ја задолжи Општина Кавадарци.

– За овие сто дена мандат на Митко Јанчев и мнозинството на ВМРО- ДПМНЕ, успеаа да да го украсат центарот на градот, организираат ручек и да воспостават доби релации и соработка со Лапонија и Дедо Мраз, којa се надеваме дека ќе продолжи и во наредните години. Во вчерашниот отчет, намерно или не испуштен е според нас усште еден важен прoект т.е настан од првите сто дена од мандатот на градоначалникот. Тоа е срамниот, полн со омраза и поделби говор, фрлената анатема на дел од граѓаните на Кавадарци, од страна владиката Агатангел.Чин со кој се сквернави празникот на сите лозари, а за кој домаќинот воопшто не реагираше. Сумарно тоа е учинокот на градоначалникот и мнозинството на ДПМНЕ во овие сто дена, вели Мелов.

 

Вуко Мелов координатор СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.