Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски: Се залагаме за хуман урбанизам, го раскинавме договорот со планерската куќа за „Треска“

0
By Biljana on February 23, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 12:11

Градоначалникот на Општина Центар вели оти јавниот интерес е поважен од бизнис интересите.

„Центар мора да се развива и ’Треска’ и ’Холидеј Ин’, јас на самиот почеток на предизборната кампања говорев, а сега и така ги спроведуваме сите ветувања, за хуман урбанизам ќе го почитуваме прво јавното добро и интересот на граѓаните, а потоа бизнис интересите и нивните профити. Тоа го спроведуваме“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утрински Брифинг“.

Според Герасимовски, решението е измена на ДУП-от, нешто што требало да се направи многу одамна. Во гостувањето нагласи дека веќе е во тек барањето за нова планерска куќа и спроведување на нов ДУП, во кој влегува и „Треска“ во Буњаковец 2.

„Ако било спроведено пред две години и се изменил ДУП-от, сега таму ќе сме имале идејно архитектонско решение, кое ќе сме можеле сега да го спроведуваме. Секако дека ќе дадеме и ние насоки, но сепак треба да имаме предвид дека тоа е и приватно земјиште. Дека е изминат голем период каде што луѓето купиле некои парцели, се задолжиле во банки, плаќаат камати. Имаме можности за тужби, значи седнуваме и се договараме за да немаме тужби. Утре ќе се блокира општината, кој ќе го плати ‘цехот’ на крај?“, прашува Герасимовски.

Во Центар, вели, останале уште многу малку парцели како „Холидеј Ин“ и Треска“ кои се поголеми и уште неколку помали парцели.

„За секоја дозвола дури и излегуваме на терен да видиме за каква парцела станува збор дали има дрва, на која позиција е и сѐ останато. Има закони и сите мораме да ги почитуваме, вклучувајќи ја и „Треска“. Таму луѓето купиле имот, бараат дооформување, утре ќе бараат дозволи и така натаму, ние како општина законски не смееме да ги сопреме“, додава Герасимовски.

Според градоначалникот, идејното решение не е идеално, имало време да се направи многу убаво.

„Беше побарано од партиципативното тело да се презентира тоа идејно решение и ние ќе го направиме тоа. Закочивме во делот на побрзо спроведување бидејќи сакавме да ги сослушаме сите страни, да седнеме на заедничка маса како општина, како архитекти, сопственици и да поразговараме за најдобро идејно решение коешто ќе биде прифатливо за сите. Верувам дека ќе се најде заеднички јазик, дополнително и во текот на следната недела пак повторно ќе седнеме и со инвеститорите и со Комисијата за урбанизам за да говориме на таа тема и да најдеме едно заедничко најдобро решение“, додава Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски вели дека граѓаните гледаат што е правилно, а што не е правилно.

„Бараме начини јавното добро да го заштитиме целосно. Во ‘Холидеј Ин’ има издадено една дозвола, се намалуваат другите катови на останатите две згради за кои уште не се побарани дозволи. Како граѓанин и жител на Центар, сопруг, родител, активист, зошто кај нас сите сме активисти, треба да видиме кој стои позади и колкава маса на луѓе го подржуваат тоа. Искрено сметам дека сега и таму е бетонизација. Имаме бетон, имаме трошни куќи, од кои половина се распаднати. За жал немаме ни канализациона мрежа и се останато, треба да се урбанизира, час поскоро“, заклучува градоначалникот Герасимовски.

Инаку, во отчетот за досега сработеното, градоначалникот Герасимовски пред десетина дена, рече дека за 100 дена откако е на функцијата потпишал само две одобренија за градба.

Горан Герасимовски ДУП Општина Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.