Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема разврска околу проблемот со „закочената“ работа на собраниските тела – Џафери го повика Зендели да ја напушти Комисијата за избори и именувања

0
By Biljana on February 24, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 24, 2022 12:06

Има ли начин како да се „откочи“ работата на Комисијата за избори и именувања? Џафери тврди оти имал механизам, но не открива како и кога ќе го реши проблемот. 

„На пратеникот Фадил Зендели не му е местото во Комисијата за избори и именувања“, дециден е собранискиот спикер Талат Џафери. Според Џафери, проблемот поради кој оваа Комисија е блокирана повеќе од три месеци е поради тоа што, откако партијата Беса излезе од владејачката коалиција, сега распределбата на мандатите во Комисијата е диспропорционална и не соодветствува со пропишаното согласно Деловникот за работа на Собранието.

„Би било корисно пратеникот Фадил Зендели да си поднесе оставка од Комисијата, како што си поденесе оставка од местото потпретседател на Собранието откако премина во опозција, бидејќи ова место што го држи во Комисијата за избори и именувања не и припаѓа на Беса. Ако за опозицијата не е проблем местото на Зендели во Комисијата, тогаш некој од нив нека му го препушти своето место на пратеник од мнозинството за да може да се откочи работата на Комисијата“, рече Џафери и најави дека согласно Деловникот, претседателот на Собранието има механизам како да го реши овој наметнат проблем.

Џафери е дециден дека состојбата се одолговлекува поради политички калкулации помеѓу политичките партии.  Но, не кажува дали и кога ќе се надмине овој проблем.

„Ова не е прашање на претпоставки кој како ќе гласа при работата на Комисијата. Се работи за принцип бидејќи мнозинството на пратенците во Комисијата мора да биде во сооднос со застапеноста на политичките партии во Парламентот.

Пратеникот од редовите на Беса, Фадил Зендели, денеска не беше достапен за коментар, иако медиумите во Собранието во повеќе наврати го побараа за изјава.

Инаку, Комисијата за избори и именувања последен пат заседавала на 7 јуни, а прва точка на Дневениот ред  била токму изборот на тројца нови уставни судии. Според спикерот Џафери, седницата била прекината поради несогласувања околу можните кандидати. Распишувањето на локалните избори, пак дополнително ја забави работата на Комисиите, бидејќи до завршување на изборите, Законот забранува било какви иманувања на јавни функции.

Излегувањето на партијата на Зендели, Беса, од Владата во декември лани, го отежни функционирањето на Комисијата за избори и именувања, бидејќи сега мнозинството во ова тело го има опозоцијата, што се коси со Деловникот за работа.

Уставниот суд до Собранието во март минатата година испратил допис со известување дека на тројца судии на 1 јуни им истекува мандадот. На уште еден судија од Уставен  мандатот му истече кон средината на јануари годинава, со што ова тело остана без четврица судии и работи во отежнати услови.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, на почетокот на месецов  испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, претседателот на Собранието,  Џафери рече дека првата собраниска седница за пратенички прашања не може да се закаже пред да истечат 100 дена од мандатот на новата Влада.

Прашан околу новонастанатата ситуација во Украина, Џафери вели дека колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст.

„Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја“, изјави Џафери.

(Б.Божиновска)

Комисија за избори и именувања СОБРАНИЕ РСМ Талат Џафери Фадил Зендели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.