НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се укинат ли ковид сертификатите за влез во моловите? Комисијата за заразни болести ја разгледува оваа можност

0
By Biljana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за укинување на ковид сертификатите за влез во моловите. 

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за укинување на сертификатите за влез во моловите, која беше донесена во август минатата година. Како што дознава НоваТВ од извори во Комисијата, на денешниот состанок се водела бурна дебата околу оваа тема.

Како што дознаваме, членовите на Комисијата, која од неодамна работи во проширен состав, ги разгледувале аргументите „за“ и „против“ ваквата одлука. Конечниот заклучок бил дека најверојатно, Комисијата наскоро ќе достави ваква препорака до Министерството за здравство, Кризниот штаб и Владата.

Граѓански здруженија и група граѓани преку социјалните мрежи се организираат во сабота да излезат на мирен протест против мерката за задолжителен сертификат за влез во моловите и угостителските објекти, бидејќи сметаат дека со појавата на сојот омикрон, кој полесно и побрзо се шири, мерката е неиздржана и не дава ефект.

Минатата недела, на состанокот на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата, односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Истовремено беше договорено да се препорача укинување на мерката бремените жени да бидат ослободени од работа.

„Според членовите на Комисијата во моментов е безбедно за бремените жени да се вратат на работа, но со препорака тие да се вакцинираат против Ковид- 19 бидејќи вакцината е безбедна“, рече портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ, веднаш по минатонеделникот состанок.

Комисијата за заразни болести на еден од последните состаноци исто така препорача сетрификатот за прележан Ковид-19, наместо 45 дена да трае 180 дена. 

Овие препораки се уште чекаат одобрување од Владата.

(Б.Божиновска)

Ковид сертификат Комисија за заразни болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.