Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир и Бомгартнер: Дијалогот со Бугарија и реформите се уште услов за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

0
By Соња Крамарска on March 3, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 3, 2022 12:24

Дијалогот со Бугарија и испорака на реформи – се уште се главен услов Северна Македонија да ги почне претпристапните преговори за членство во ЕУ, порачаа евроамбасадорот во ЕУ Дејвид Гир и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција во седиштето на ЕУ во Скопје.

Известувајќи за чекорите на ЕУ за поддршка на Украина, на новинарските прашања дали ситуацијата во Украина ќе го забрза интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ тие нагласија дека регионов останува стратешки интерес за Унијата и потсетија на заклучоците на европските лидери на состанокот во Брдо пред неколку месеци.

„Ситуацијата во Украина ја нагласува важноста на блиското партнерство со ЕУ и вредноста на Северна Македонија како членка на НАТО. Имаме силен стратешки интерес да ја видиме Северна Македонија членка на ЕУ, но треба да испорачате реформи“, порачаа европретставниците нагласувајќи дека нашата земја постигнала забележителен напредок.

Во однос на дијалогот со Бугарија и можноста ЕУ да се вклучи, беше речено дека треба да бидат оставени двете страни сами да дојдат до решение. „Да му дозволиме на процесот да се одвива во најдобри можни услови“, рекоа амбасадорите.

Амбасадорската двојка категорично ги отфрли споредбите меѓу руско-украинските односи и бугарско-македонските кои се често присутни, како што беше речено на социјалните мрежи, велејќи дека за разлика од агресорскиот пристап на Москва и нарушениот територијален интегритет  на Украина, Бугарија била меѓу првите земји што ја призна Македонија и ја поддржа во НАТО, а исто така и помогна за евакуација на дваесетина македонски државјани од Украина.

Во врска со можноста Северна Македонија и Албанија да влезат во брз пакет со Украина за ЕУ, беше речено дека за Украина европските лидери допрва ќе одлучуваат за следните чекори, и дека процедурите за секое членство се јасни а одлуките ги носат лидерите на Унијата.

 

БОМГАРТНЕР гир ЕУ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.