НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Во потрага по Петар спелеолозите се спуштија во окно од 70 метри, а нуркачи утре ќе ја пребаруваат и Црна река

0
By НОВА ТВ Balaban on March 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Спелеологот Дарко Неданоски во напуштениот рудник
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во потрага по десетгодишниот Петар, спелеолозите и денеска се спуштаат во рударското окно длабоко 70 метри, а спасувачкиот тим од Велес утре ќе ја пребарува и Црна река, потврди за НоваТВ Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата за заштита и спасување. 

Денеска е седми ден од потрагата која уште вчера продолжи во напуштениот рудник „Партизанка“ во чии јами никој не влегол веќе 40 години. Но Петар Џобоски, кој исчезна во петокот од прилепското село Врбско, не бил пронајден ниту таму.

– Спасителот Дарко Неданоски од службата Златоврв вчера успеа да влезе 70 метри во окното на рудникот, но ништо не забележал. Акцијата продолжува и денеска на истото место, спасителите повторно се спуштаат во рудникот. Според планот, утре во потрагата по Петар се вклучува и тимот на Дирекцијата од Велес, нуркачи ќе ја пребаруваат реката која е во близина на селото, додаде Ибрахими.

Поради големите снежни наноси, потрагата завчера беше стопирана на половина пат до рудникот, а од  Дирекцијата беа итно побарани моторни санки за екипите да може да стасаат дотаму.

Од СВР Битола ни изјавија дека интензивната потрага и понатаму продолжува,  се до пронаоѓање на детето.

– Во врска со потрагата по детето Петар Џобоски од Прилеп, кое за оддалечено од домот во с.Врбско го пријави неговиот татко на 25.02.2022 во полициска станица во 18.46 часот, Ве известуваме дека екипи од полициски службеници од ОВР Прилеп, пограничната станица Старавина и Витолиште, ловџии и селани од околното село веднаш излегоа на терен во потрага по него. Во акцијата се вклучени над 100 полициски службеници, хеликоптер, кучиња трагачи, дронови, членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловечкото друштво „Мукос“ – Прилеп, Дирекцијта за заштита и спасување, припадници на АРСМ, граѓани – доброволци. Сите служби навремено се известени за неговото исчезнување и веднаш е започната потрага по детето.

Спасителите пред тргнување кон рудникот (ФОТО: Служба Златоврв)

Љубица Балабан

 

70 метри во окно Дарко Неданоски Петар потрага се спушти Севгани Ибрахими спасители спелеолог Црна река
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.