НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина се нуди да посредува меѓу Русија и Украина

0
By Соња Крамарска on March 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
BEIJING, CHINA - MARCH 07: Chinese Foreign Minister Wang Yi is seen on screens during a press conference at the Media Center on March 07, 2022 in Beijing, China. (Photo by Andrea Verdelli/Getty Images)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Висок кинески дипломат посочи дека Пекинг е подготвен да „посредува“ меѓу Русија и Украина, за прв пат откако Москва започна инвазија против нејзиниот сосед, јави Си-Ен-Ен.

„Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори и да работи со меѓународната заедница за спроведување на неопходното посредување, кога тоа е потребно“, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на неговата годишна прес-конференција на маргините на законодавната сесија на земјата.

Ванг не понуди дополнителни детали за тоа што би можело да значи таквата улога, ниту за нивото на потенцијалното вклучување на Кина. Ванг претходно изјави дека Кина ги поддржува сите конструктивни меѓународни напори насочени кон политичко решение во Украина.

Ванг повтори дека пријателството меѓу Русија и Кина е „цврсто како камен“ и претставува „еден од најважните билатерални односи во светот“.

„Развојот на односите меѓу Кина и Русија има јасна историска логика и силна внатрешна движечка сила. Пријателството меѓу двата народа е цврсто како камен и изгледите за билатерална соработка се јасни“, рече Ванг на прашањето на руската државна новинска агенција РИА Новости дали притисокот од меѓународните санкции што се воведуваат врз Москва ќе влијае на односите меѓу Русија и Кина.

„Без разлика колку е опасна меѓународната ситуација, Кина и Русија ќе го задржат стратешкиот фокус и ќе промовираат сеопфатно стратешко партнерство на координација во новата ера“, продолжи Ванг како одговор на прашањето, додавајќи дека двете нации „се противат на враќање на менталитетот на студената војна“.

Во разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен во саботата, Ванг ги повика Соединетите држави, НАТО и Европа да се вклучат во „еднаков дијалог“ со Русија во врска со војната во Украина.

Кина Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.