Во Германија интензивно се разговара за мерките за ублажување на драстичниот раст на цената на енергенсите и за намалување на зависноста од руски извори на долг рок, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни централи треба да бидат исклучени.
„Технички, можно е да се остават нуклеарните централи подолго во функција, прашање е дали сакаме тоа да биде од политичка природа“, рече баварскиот премиер Маркус Содер во интервју за јавниот сервис ЗДФ.
Тој смета дека продолжувањето на работата на нуклеарните централи за три до пет години би помогнало во процесот на намалување на зависноста од руската енергија, притоа зачувувајќи ги климатските цели.
Во моментов, само три германски нуклеарни централи се во функција до крајот на оваа година. На крајот на минатата година три нуклеарни централи беа исклучени од електричната мрежа.
Одлуката за снабдувањето со енергија преку нуклеарни централи беше донесена во 2011 година, по катастрофата во Фукушима, Јапонија.
„И оваа мерка е можна за некое време“, рече Содер.
По најавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за можна забрана за увоз на нафта од Русија, цените на нафтените деривати во Германија повторно ги надминаа историските граници.
Просечната цена на литар супер гориво достигна ниво од 1,96 евра. Дизелот се продава по 1,98 евра за литар.