НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Ако почне забрзан прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со одговорот

0
By НОВА ТВ Balaban on March 7, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност, јави дописникот на МИА од Белград.

– Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги дознаат имињата на неколку земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово, изјави Вучиќ во Ниш. 

Тој додаде дека поради конфликтот во Украина, многумина ја гледаат глобалната ситуација како можност за решавање на косовското прашање и дека многумина сакаат забрзан прием на Косово во меѓународните организации.

Тој кажа и дека до Турција не била испратена протестна нота поради најавената поддршка за членство на Косово во НАТО, бидејќи имал закажан телефонски разговор со претседателот на таа земја Реџеп Таип Ердоган кој „појаснил се, што се пишуваше во медиумите и што направија некои други и затоа донесовме одлука да не упатиме нота“.

Вучиќ, во врска со притисокот врз Белград да воведе санкции кон Русија поради војната во Украина, изјави дека Србија веќе донела одлука за тоа прашање и дека одлуката е претставена на јавноста.

-А како и колку е тоа тешко секојдневно – нема да зборувам за тоа и тоа не е работа и грижа за обичните луѓе, бидејќи нема да ги оптоварувам со тоа што е мојата работа… Водењето на државата во такви услови е не е лесна работа, изјави Вучиќ во Лесковац.

Коментирајќи го конфликтот во Украина и неговите последици за светската економија, Вучиќ рече дека „само се плаши“ од нови вести.

-Ако се случи да ја санкционираат руската нафта и се чини дека сè оди во таа насока, не знам каде сето тоа ќе заврши, кажа Вучиќ и додаде дека е „јасно“ кој погазил чиј територијален интегритет во Источна Европа, но ја критикуваше и најавата дека универзитетите во Западна Европа повеќе нема да ги проучуваат делата на руските писатели како Достоевски.

Одлуката за забрана за извоз на пченица од Србија ќе биде донесена утре или задутре, најави Вучиќ, додавајќи дека на мелничарите ќе им биде дозволено да извезуваат брашно уште некое време.

-Ќе има доволно пченица за граѓаните на Србија, но и за соседите. Цената на пченицата отиде до небеса, во 2020 година чинеше 16 динари, денес е од 42 до 47 динари за килограм, кажа Вучиќ, коментирајќи ги настаните поради конфликтот во Украина.

Тој посочи дека „има многу проблеми“ и дека не може да се увезува железо и кокс за Железарата во Смедерево.

Вучиќ забрзан прием Косово меѓународните организации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.