Соединетите Американски Држави потврдија дека се во преговори со европските сојузници за потенцијално санкционирање на руската сурова нафта како одговор на тековната агресија на Москва во Украина, со што цената на нафтата накратко е над 130 долари за барел , пишува OILPRICE.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата за време на ток-шоуто на „NBC Meet the Press“ истакна : „Сега сме во многу активни дискусии со нашите европски партнери за забрана на увозот на руска нафта во нашите земји, додека, се разбира, во исто време се одржува стабилно нивото на глобалното снабдување со нафта“.
Последните размислувања следат по низата санкции кои веќе имаа значително влијание врз руската економија, но сè уште не се во можност да го запрат напредувањето на Путин во Украина.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, сè уште целосно не ја поддржа идејата, иако таа изрази надеж дека една од нивните примарни цели во санкциите што беа воведени досега, е да ги намалат финансиските текови на Путин.
Претседателот на Европската комисија истакна за Си-Ен-Ен: „Целта е да се изолира Русија и да се оневозможи Путин да ги финансира своите војни“, додавајќи „За нас, сега постои силна стратегија да кажеме дека треба да се ослободиме од зависноста од фосилни горива од Русија“.
Овој потег, доколку се договори, долго време се смета за „нуклеарна опција“, бидејќи забраната за руската нафта може да влијае на глобалното снабдување на и онака тесниот пазар.
Аналитичарите на „Банка на Америка“ забележаа дека ако руската нафта се прекине, пазарот би можел да се соочи со недостиг од 5 милиони барели, што би можело да ја зголеми цената на нафтата до 200 долари за барел.
Ситуацијата е дополнително под притисок, со застојот на разговорите со Иран за потенцијален нов нуклеарен договор.
Амрита Сен, ко-основачот на тинк-тенк „Енергетски аспекти“, објасни: „Иран беше единствениот вистински „меч кој висеше над пазарот“ , но ако сега иранскиот договор се одложи, можеме многу побрзо да дојдеме до дното на резервоарот, особено ако руските барели остануваат надвор од пазарот долго време“.