„Свесни сме дека нашата одлука да купиме руска нафта беше погрешна и жал ни е поради тоа“, кажа Ван Берден.
Шефот на нафтениот гигант „Шел“, Бен Ван Берден, изјави дека е погрешно да се купува руска нафта и поради воениот конфликт во Украина реши да ги затвори бензинските пумпи.
Гигантот соопшти дека ќе ја прекине соработката со Русија, откако минатиот викенд „Шел“ беше критикуван бидејќи набави руска нафта по пониска цена.
– Свесни сме дека нашата одлука да купиме руска нафта беше погрешна и жал ни е поради тоа, кажа Ван Берден.
Нафтениот гигант соопшти дека одлуката за повлекување од Русија е поради „напнатата ситуација на пазарот“.