Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈАДРО: Јавните пари се трошат тајно

0
By on February 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 15, 2013 11:09

Јадро, асоцијацијата на независната културна сцена, по анализата на објавените резултати од конкурсот за финансирање на проекти од областа на културата, ја соопшти својата реакција за годишната програма за остварување на националниот интерес во 2013 година. Според Јадро:
1. Нема јасни критериуми според кои одредени проекти се прогласуваат за содржини од национален интерес а други не
2. Нема образложение, аргументирано согласно критериумите за добиените и за одбиените проекти;
3. Финансиска нетранспарентност;
4. Немање прецизни, достапни и видливи информации во однос на комисиите (надворешните и внатрешните членови) кои одлучуваат;
5. Присутност на самото Министерство за култура како имплементатор на проекти и добитник на средства за реализација на истите;
“Годинава најмногу е воочлива тенденцијата која е погубна за развојот на културната продукција во Македонија. Се збаележува огромна расцепканост и не стратешки основана поддршка на мноштво уметници, културни работници, институции, сите ставени речиси во ист кош без да се направи сублимација според јасни и специфични критериуми. Ваквата културна политика упатува на калкулантски манир правејќи обид да се задоволат што повеќе актери на културната сцена“, велат од Јадро
Иако резултатите се јавно објавени, никако не е јасно што всушност ќе се финансира.

Еден месец по објавувањето на резултатите никој не располага со детали околу добиените средства. Оние што се одбиени, имаат образложенија кои се засноваат на критериуми кои не биле претходно никаде наведени, запишани или пак зацртани.

„Согласно законот за култура, од член 64, 65 и 66, најголемата моќ на одлучување е сконцентрирана во министерот за култура, кој според препорака на експертските тела ја носи конечната одлука во валоризацијата на проектите. Со овој метод на функционирање на Министерството сметаме дека не постои никаква транспарентснот при трошењето на јавните пари бидејќи Министерството никогаш јавно не ги објавува сумите. Со оглед на ова, отворено прашуваме дали јавните пари се трошат тајно и дали годишната програма на Министерството навистина ја исполнува?“ – прашуваат од ЈАДРО

Како Асоцијација на независната културна сцена, бараат да се направи категоризација на конкурсите и поделба средствата за јавните локалните и независните институии
Од ЈАДРО потенцираат и дека здруженијата на граѓани како и интердисциплинарните проекти кои се во сферата на независниот културен сектор, се најзапсотавениот и најнетранспарентно третираниот дел од програмата на Министерството за култура.

„Сосема е нејасно како се одлучува по овие проекти, кој одлучува и колкави буџетски ставки се одвојуваат?“
ЈАДРО повикува на јавен дијалог помеѓу сите надлежни, стручни и заинтересирани страни, за отпочнување на процес во кој ќе се дојде до решенија во полза на културата во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.