Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите ковид-мерки според американски рецепт

0
By НОВА ТВ Balaban on March 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 15:50

Новата методологија, според која ќе се мери колку брзо кај нас се шири коронавирусот, односно дали земјата е со висок, среден или низок епидемиолошки ризик, ќе биде разгледувана и, евентуално усвоена, на задутрешниот состанок на Комисијата 

Олабавувањето на рестриктивните мерки против ковид-19 се планира да се определува според американски рецепт, односно, новата формула за проценка на епидемиолошки ризик е по урнек на таа од Американскиот центар за контрола и превенција на болестите, CDC, велат од Комисијата за заштита од заразни болести за НоваТВ.

Новата методологија, според која ќе се мери колку брзо кај нас се шири коронавирусот, односно дали земјата е со висок, среден или низок епидемиолошки ризик, ќе биде разгледувана и, евентуално усвоена, на задутрешниот состанок на Комисијата за заштита на населението од заразни болести.

На состанокот се очекува членовите на комисијата да дадат „зелено светло„ за новата формула за проценка на епидемиолошки ризик.

– Предложено е да се воведе и дополнителна алатка што се користи во САД за да се процени брзината на ширење на вирусот, а која треба да се адаптира на нашите услови. Членовите на Комисијата треба да се произнесат за новата предлог методологија на следниот состанок, закажан за задутре. Некои од мерките се укинаа, ќе следиме како вирусот ќе се шири за да избегнеме пораст на бројот на хоспитализирани пациенти и на нови случаи, ни рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол и член на Комисијата за заштита на населението од заразни болести.         

Новата методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик, како што соопштија по состанокот во минатата среда, се базира на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена. 

Сали: Се надевам дека оваа седмица ќе влеземе во зелената, безбедна зона

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска рече дека „состојбата не е толку позитивна, за да можеме да кажеме „од денес сме слободни“.

– На една страна се желбите, а на друга реалните бројки што секојдневно ги добиваме. Ја следиме состојбата не само во државата туку и во регионот. Имаме четири држави кои што ни се репер како први држави што се ослободија од мерките и денес таму забележуваме состојба на бумеранг – враќање на состојба како што беше порано. И ние тука не би сакале да се вратиме на тоа како што било порано, рече министерот Сали.

Тој додаде дека се надева дека оваа седмица земјава ќе влезе во зелената безбедна зона, бидејќи индикаторот за новозаболени и за хоспитализирани е позитивен. 

– Да видиме што ќе одлучиме на Комисијата в среда, во однос на некакво олеснување на мерките, додаде Сали.

(Љ.Б.)

 

американски рецепт Злате Мехмедовиќ комисијата Новата методологија Олабавувањето против рестриктивните мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.