НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени ќе ги погодат и штрковите

0
By Соња Крамарска on March 11, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глобалното затоплување ги менува птиците какви што ги знаеме, покажа едно истражување, но не е виновно само зголемувањето на температурата.

Истражувачите открија дека градинарските птички, на пример, имаат четвртина помалку пилиња, што има огромни импликации за видот. Чавките, пак, ги снесуваат јајцата 12 дена порано. Некои птици се намалуваат во големина, додека други, како што се црвените птички, стануваат се поголеми.

Истражувачите анализираа податоци собрани од средината на 60-тите години во Велика Британија и Холандија за 60 различни видови птици, обидувајќи се да откријат како овие птици се менувале со текот на времето во однос на распоредот за несење јајца, бројот на потомци и морфологијата.

Иако истражувањата веќе го поврзаа начинот на кој птиците стануваат сè помали со текот на времето и со повисоките температури, научниците не се сигурни дали тоа се должи директно на топлотниот стрес или затоа што зголемените температури им го отежнуваат барањето птичја храна.

Научниците истражувале колкав дел од промените со текот на времето се поврзани со затоплувањето и дали затоплувањето влијаело на некои видови или особини повеќе од другите, како и дали други фактори кои не се поврзани со температурата ги предизвикале овие ефекти.

Студијата, која беше објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences минатата недела, покажа дека иако повеќе од половина од промените на однесувањето на птиците се поврзани со зголемувањето на температурите – а затоплувањето е веројатно најголемиот фактор што предизвикува промена во текот на годините – други фактори како што се урбанизацијата, загадувањето, губењето на живеалиштата и друго, исто така, може да влијаат на промените во карактеристиките.

„На пример, климатските промени ги натераа чавките да ги снесуваат јајцата шест дена порано во последните 50 години, но други непознати фактори на животната средина доведоа до дополнителни шест дена, што значи дека вкупно тие сега ги несат јајцата 12 дена порано отколку пред половина век“, вели Мартин ван де Пол, главен автор на трудот од универзитетот Џејмс Кук во Австралија.

Толку голема промена во календарот може да предизвика неусогласеност помеѓу тоа кога се раѓаат пилињата и кога им е достапна храната, со што ќе се наруши рамнотежата на екосистемот.

Во просек, до 57 отсто од севкупните промени во изминатите децении може да се поврзат со покачувањето на температурата, според студијата. Приближно 32 отсто од 60 видови птици имале промени во телесните карактеристики поради температурите, со просечно намалување на големината од 0,45 отсто за секој зголемен степен целзиусов. Околу 86 отсто имале промени во времето на снесување јајца, а 31 отсто имале промени во нивниот број на потомци.

„Градинарските птички во Обединетото Кралство претрпеа 26 отсто намалување на нивниот просечен број на потомци во изминатиот половина век, што е навистина загрижувачко за долгорочната судбина на овој вид“, вели Нина Меклин, водечки истражувач во студијата. „Но, само половина од ова намалување, 13 отсто, може да се припише на климатските промени“.

Не сите видови се погодени на ист начин. Некои, како црвената птичка има зголемување на телото и на бројот на потомци. Истражувачите шпекулираат дека варијацијата за тоа колку се менуваат карактеристиките на различните видови, најверојатно зависи од нетемпературните фактори.

„Студијата дава добро аргументирано објаснување зошто различни видови се менуваат на толку различни нивоа. И тоа не е поврзано со температурната чувствителност, туку со оние други, нетемпературни фактори“, вели Шахар Дубинер, еколог од универзитетот во Тел Авив. Истражувањето на Дубинер откри драматични промени во формата и состојбата на телото за повеќе од половина од израелските видови птици – вклучително и многумина кои мигрираат од Европа, како што се штрковите.

Се на се, ова значи дека затоплувањето е веројатно најголемиот фактор што ја поттикнува промената на карактеристиките на птиците, но тоа не е единствениот елемент во игра. Другите придружни фактори можат да играат позначајна улога отколку што се мисли а главното прашање е кои се овие други нетемпературни фактори и како тие се поврзани со зголемувањето на температурата.

(Преземено од Гардијан)

 

климатски промени штрк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.