Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Одговорност на НАТО е да не се прелее конфликтот од Украина во други земји

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 19:25

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји.

– Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори на свечената седница на двата дома во Варшава на годишнината од членството во НАТО на 12 март 1999 година.

Полскиот парламент денеска усвои декларација за поддршка на политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја суверена земја да одлучува за својата иднина, отфрлајќи ги обидите за повторно создавање сфери на влијание во Европа, како што предлага рускиот претседател Владимир Путин преку некоја нова Јалта, пренесува Бета.

Полскиот претседател Анджеј Дуда го повика светот да ја запре Русија и да спречи Киев и другите украински градови да ја доживеат судбината на Варшава, која беше речиси целосно уништена од нацистите на крајот на Втората светска војна.

– Украина ја брани демократијата, слободата и чесниот свет. Путин, предизвикувајќи ја оваа војна, се повика на наследството на Советскиот Сојуз. Она што Русија го прави во Украина покажува дека таа сè уште е империја на злото, дека никогаш не заминала во историјата и сега го покажува своето најлошо лице, рече полскиот претседател.

Анджеј Дуда потсети на зборовите на поранешниот советник за национална безбедност на американските претседатели, Збигњев Бжежински, дека Русија престанува да биде империја без подредена на неа Украина.

– Русија може да биде или империја или демократија, но не може да биде и двете, рече Бжежински.

„Гледаме што избра Русија и гледаме што избра и што брани Украина. Путин сака да воспостави нов светски поредок напаѓајќи ја Украина. Сака да го сврти текот на историјата, оцени Дуда.

Полскиот претседател ја обвини Русија дека нејзините напади врз украинските градови, цивилни населби, училишта и болници носат карактеристики на кривично дело – геноцид.

– Мораме да направиме сè за да одговораат за тоа пред меѓународните судови, рече Дуда, нагласувајќи дека денес слободниот свет го има ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето видео обраќање предупреди дека Украинците се борат не само за себе, туку и за иднината на Полска и балтичките републики, за да не им се случи и ним Русија да ги нападне.

– На 24 февруари на Украина и се случи таа страшна работа за која во Грузија во 2008 година зборуваше полскиот претседател Лех Качински. Сега се бориме да не им се случи истото на балтичките земји и Полска. Полски браќа и сестри, чувствувам дека изградивме необичен сојуз. Можеби е неформален, но доаѓа од топлината на нашите срца, а не од зборовите на политичарите. Убеден сум дека заедно ќе ја браниме слободата. Се додека тоа е потребно, рече Зеленски, поздравен со овации.

Во декларацијата што ја усвоија денеска полските пратеници и сенатори, во пресрет на годишнината од пристапувањето на Полска во НАТО, се обвинува рускиот режим дека ја нападнал Украина кршејќи ги законите и меѓународните обврски и предизвикувајќи политичка, економска и хуманитарна криза без преседан од крајот на Втората светска војна.

 

НАТО Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.