НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крадци ја исклучиле камерата во градинка во Велес и ја опљачкале храната за 1.200 деца

0
By НОВА ТВ Balaban on March 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO Fejsbuk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Страшна глетка нѐ дочека утринава во градинката – украдени се околу 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол,  шеќер, над 20 пакетчиња сирење и други прехранбени артикли. Магацинот е   испразнет… а од овие залихи во централната кујна се подготвуваат оброци за повеќе од 1.200  деца, изјави за НоваТВ директорката на градинката, Маја Велиновска

Во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес која се наоѓа на десетина метри од градскиот пазар, викендов била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот.

Украдени 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол,  шеќер, сирење

Крадците, како што потврдија за НоваТВ од градинката, го искршиле прозорецот и влегле од задниот влез, по што ја одзеле сета храна наменета за 1.200 дечиња кои ги посетуваат објектите на оваа установа.

– Страшна глетка нѐ дочека утринава во градинката – украдени се околу 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол,  шеќер, над 20 пакетчиња сирење и други прехранбени артикли. Магацинот е испразнет… а од овие залихи во централната кујна се подготвуваат оброци за повеќе од 1.200  деца, изјави за НоваТВ директорката на градинката, Маја Велиновска.

На прашањето дали децата ќе останат гладни или сепак ќе добијат оброци, таа одговори:

– Денеска сите 1.200 деца ќе ги добијат сите оброци што им следуваат, а од утре  ќе мора да набавуваме нови продукти. Веќе побаравме помош и од општината и од градоначалникот. Досегашната штета од украдените намирници изнесува  49.455 денари, вели Велиновска.

Велиновска: Чувар немаме, имаме камери на влезот и аларм

Во врска со тоа имаат ли обезбедување во градинката каде се наоѓа магацинот, таа објаснува:

– Чувар немаме, имаме камери на влезот и алармен систем, но крадците влегле од задната страна, ги искршиле прозорците и ги исклучиле сите кабли од  алармниот уред и камерите, затоа не се вклучила тревога за обезбедувањето да реагира. Крим полицијата работи на случајот и очекуваме набргу да им се влезе во трага на крадците. Украдени се големи количества храна и можеби ќе се обидат да ја продаваат, вели директорката. 

Таа додава дека во изминатите години имало обиди за кражба на технички уреди, телевизори и друго, но првпат има кражба од магацин со храна.

– Алармните уреди функционираат, се случува алармот да се вклучи и кога наши луѓе влегуваат кога заборавиле нешто а не го одблокирале уредот, и патролите за кратко стигнуваат.  Но сега крадците ја исклучиле струјата и алармот не се вклучил, вели Велиновска. 

СВР Велес по извршениот увид се очекува да информира кога точно за време викендот се случил грабежот и што сѐ е украдено.

(Љ.Б.)

 

 

Велес градинка ја опљачкале камерата крадци Маја Велиновска храната
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.