Вредна колекција на фотографии од приватни архиви на мисијата Аполо 8-17 биле продадени на аукција во Копенхаген за 157 илјади евра. Меѓу фотографиите е и онаа од прошетката по месечината на Баз Олдрин за време на првата мисија од јули 1969 година, која е продадена за 7000 евра.
Тука е и фотографијата која го отсликува Нил Армстронг на визирот на Олдрин ,а која фотографија се најде на насловните страници на магазините Life и National Geographic од 1969 година.
(М.Т.)