Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјанец киниса да помогне на опљачканата градинка во Велес

0
By НОВА ТВ Balaban on March 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2022 14:22

Иницијативата е од скопјанец кој има потекло од Велес, а кој ни кажа колку го трогнала веста дека е ограбена градинка.  Денеска напладне дојде овој хуман граѓанин и ѝ испорача на нашата установа дел прехранбени артикли, за што сме му благодарни, изјави Велиновска

Граѓанин од Скопје денеска донираше брашно, масло, шеќер, сок, на градинката „Димче Мирчев“ од Велес чија главна кујна вчера беше опљачкана. Крадците, како што објавивме, викендов го скршиле прозорецот и влегле од задниот влез, по што ја одзеле сета храна наменета за 1.200 деца кои ги посетуваат објектите на оваа установа. Претходно ги исклучиле сите кабли, па затоа не се вклучиле камерите и алармниот систем. 

Директорката на градинката, Маја Велиновска, ни изјави дека по кражбата, денеска се јавил граѓанин заинтересиран да донира храна.

– Иницијативата е од скопјанец кој има потекло од Велес, а кој ни кажа колку го трогнала веста дека е ограбена градинка. И еве денеска напладне дојде овој хуман граѓанин и ѝ испорача на нашата установа дел прехранбени артикли, за што сме му благодарни, изјави Велиновска за НоваТВ.

Таа додаде дека уште веднаш по кражбата, ги порачале неопходните количества прехранбени артикли за континуирано да бидат обезбедени оброци за децата, кои ниту вчера не останале гладни. Ќе бидат ставени и нови решетки на прозорците, според директорката, но ќе бидат преземени и други мерки за поголема заштита на установата, која се грижи за 1.200 деца во шест објекти.

Од градинката „Димче Мирчев“, која се наоѓа на десетина метри од градскиот пазар, викендов беа украдени околу 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол, шеќер, над 20 пакетчиња сирење и други прехранбени артикли. Штетата изнесува 50.000 денари. 

Од СВР Велес ни изјавија дека истрагата за овој случај е сѐ уште во тек.

(Љ.Б)

 

Велес да помогне киниса опљачканата градинка Скопјанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.