НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата и обвинителството на различни страни околу кривичното гонење на Бојко Борисов

0
By Соња Крамарска on March 21, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарското Министерство за внатрешни работи до Обвинителството достави предлог за гонење на поранешниот премиер Бојко Борисов, неговата портпаролка Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, соопшти прес-центарот на бугарското МВР.

Тие беа уапсени поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.

Борисов и неговите сопартијци беа ослободени од притвор во петокот вечерта, откако градското обвинителство на Софија пресуди дека полицијата нема доволно докази за нивно разоткривање.

По истекот на првичниот притвор, софиското Обвинителство одби да им го продолжи за нови 72 часа, со образложение дека истражните полицајци не им доставиле на обвинителите нацрт-уредби за обвинение против тројцата.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот на брифинг со новинарите рече дека Обвинителството го саботира процесот.

Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков коментираше дека доколку Обвинителството го продолжело притворот, ќе имало можност да се соберат дополнителни докази.

Софискиот градски суд денеска треба да донесе одлука за законитоста на претресите и запленувањето на домовите на тројцата притвореници во четврток.

Адвокатот на Борисов, Менко Менков, најави дека ќе поднесе жалба за апсењето на тројцата до судот.

Борисов беше премиер на Бугарија во неколку наврати. Тој првпат застана на таа позиција во 2009 и владееше до 2013 година, а потоа од 2014 до 2021 година.

 

 

апсења Бојко Борисов Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.