Руските сили насилно депортирале 2.389 деца од Доњецк и Луганск, тврди украинското Министерство за надворешни работи.
„Ваквите акции се грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението.
Руското Министерство за одбрана завчера соопшти дека еден ден претходно биле евакуирани 16.434 лица, вклучувајќи 2.389 деца. Евакуацијата е извршена на различни места, вклучително и во „Доњецката народна република“и „Луганската народна република“ поддржани од Русија, а луѓето си заминале по своја волја, според Министерството.
УНИЦЕФ ги коментираше овие најнови извештаи и изрази загриженост. „Киднапирањето деца за време на војна е едно од шесте тешки прекршувања во конфликт и е забрането според меѓународното хуманитарно право“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.