Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внимавајте кога осигурувате, расте бројот на претставките против осигурителните компании

0
By Соња Крамарска on March 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2022 11:25

Некогаш осигурувањето во нашата држава се сметаше за луксуз, но новото време ги промени навиките и се повеќе луѓе го осигуруваат својот живот, имот, земјоделски посеви, накит, друг специфичен имот, па дури и делови од телото. Меѓутоа со ширењето на осигурителната култура, расте и незадоволството на граѓаните од осигурителните компании.

На осигуреничка не и било продолжено животното осигурување затоа што се разболела од рак, па ја повикала на помош Агенцијата за супервизија на осигурување која интервенирала за да се реши проблемот. Интервенцијата била успешна, но на површина ги изнесе бројните проблеми во сферата на осигурувањата.

Крсте Шајновски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување вели дека дури за речиси два и пол пати е зголемен бројот на претставките што ги добиваат.

„Агенцијата за супервизија на осигурување доби 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот во 2021 година. Бројот на претставки од осигуреници лани е зголемен за 2,4 пати во споредба со 2020 година“, вели Шајновски. „Врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им се изречени четири мерки од кои две се парични глоби“, истакнува тој.

Најчесто осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штети кои биле покриени со договори за осигурувањ како и за висината на износот што осигурителните компании го понудиле за исплата на штета. Има жалби и за роковите за обработка и исплата на штети.

Статистиката на Агенцијата вели дека најголем број претставки – 91 се поднесени за осигурани случаи за автоодговорност, а потоа следат претставки за осигурување од незгода и за имот. Има претставки и за животно осигурување, за приватно здравствено осигурување како и за други осигурителни видови.

„Се обидуваме да изнајдеме решение во сите случаи на претставки и во тоа успеваме – бројот на претставки решени во корист на осигуреници е зголемен  за два и пол пати“, вели Шајновски.

Како што потенцираат од Агенцијата во 161 случај подносители на претставки се физички лица, а 39 претставки поднеле правни лица. (Р.Н.)

 

 

 

 

 

 

 

АСО Осигурување претставки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.