НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: Рашковски договарал тендери под псевдоним „Перо“

0
By Соња Крамарска on March 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Застапникот на обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во судскиот предмет во јавноста познат како „Софтвери“, обвинителката Ивана Трајчева, на денешното рочиште изведуваше материјални докази против седуммината обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, како и за помагање во извршувањето на злоупотребата. Обвинителката во судницата презентираше вибер комуникација помеѓу обвинетите во која, како што тврди, Рашковски во телефонот на еден од обвинетите бил запишан како „Перо“.

Од вибер комуникација од 5 јули 2019 беа презентирани вакви пораки: „Нова аудио бомба за Рашковски“, „Не смееме да разговараме за Леонардо“, што како доказен материјал ги прочита обвинителката. „Кој е крив“, „Рашко е крив“, „Б.Ц. е во пензија треба друг да бараме“, „да аплицираме со Инвока и ФИНКИ, па може и да не зборат а ќе не зборат за пари….“, „Трајче ќе го јаде не вие“, беа дел од пораките што беа презентирани.

Рашковски е првообвинет во предметот. Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други добивки од казниво дело, а второ и трето обвинетите се товарат за помагање во извршувањето на злоупотребата, додека останатите четворица се обвинети дека помагајќи сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

Според Обвинителството во временскиот период од јуни 2017 година до февруари 2021 година, во Генералниот секретаријат на Владата, Рашковски помогнат од второ и трето обвинетите извршиле повеќе кривични дела. Притоа Рашковски како генерален секретар не ја извршил својата службена должност при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Во една од постапките за јавна набавка, во кривичното дело свесно му помогнал сопственик и управител на економски оператор, кој е четврто обвинет, а целта им била заработка од 17.474.137 денари или околу 285.000 евра.

Понатаму, како што тврди обвинителството, Рашковски како генерален секретар на Владата, ја искористил својата функција и склучувал авторски договори со физички лица, кои се исто така обвинети во случајот, кои воопшто не извршувале никакви работни задачи, а им биле исплаќани месечни хонорари. Тие воедно, согласно договорот што го имале со Рашковски за поделба на парите, подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат нему.

Со ваквите дејствија според обвинителството, била нанесена штета на Буџетот на државата во износ од 1.320.000 денари. (С.М.)

 

Драги Рашковски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.