НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција до Велигден ќе ги олабави рестриктивните мерки, в лето планира да ги укине

0
By Biljana on March 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата  има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

Сепак, Плеврис, но и грчките епидемиолози паралелно потенцираат дека пандемијата не е завршена, станува збор за динамична ситуација и конечните одлуки лесно можат да се променат.

Во секој случај, пораките се дека било која мерка што се укинува, од септември можеби да биде потребно одново да се разгледа и евентуално повторно да се воведе.

Минатава седмица беше соопштено укинување на неколку мерки што се однесуваат на казните за невакцинираните граѓани над 60-годишна возраст, на задолжителните селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба за учениците и просветните работници и на исполнетоста на стадионите.

Од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани кои се над 60-годишна возраст, а мерката, што беше воведена на средината на јануари, одново ќе се разгледа во септември.

Стадионите ќе функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници ќе прават само еден селф тест седмично.

Претходно пак, на почетокот на месецов се укина задолжителната маска на отворено, а од пред десет ден, повеќе не е потребно пополнување на ПЛФ формуларот за патување во Грција.

Ова, засега останува и единствената промена во однос на туристите. Правилата за влез во Грција остануваат непроменети, потребен е документ за Ковид-19, кој исто така важи и за пристап во речиси сите објекти во земјата, без разлика дали се продавници, кафулиња, ресторани, таверни, музеи, археолошки локалитети, кина, театри, спортски објекти итн.

Сепак, како што веќе неколку пати има објавено МИА, сертификатите за вакцинација и прележана болест имаат различно времетраење за патување во земјата и различно за влез во просторите во внатрешноста на Грција.

За патување, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза и без ограничувања по примена бустер доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид.

Во внатрешноста на Грција, сертификатите имаат помало времетраење,  па така, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан Ковид-19.

За оние кои примиле бустер доза нема никакви ограничувања.

Документот поврзан со Ковид-19, речиси секаде во Грција, при влез во објектите, се скенира со специјална апликација, потребен е и документ за лична идентификација, а исклучок се супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи.

Невакцинираните и понатаму не можат да влезат во затворените простори, а за надворешните делови на угостителските објекти потребно е да имаат негативен тест.

Маската, и понатаму е задолжителна во затворените простори, а постои силна препорака за употреба и на отвоорено доколку постои гужва.

Во изминатиот период, во Грција има зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19, што веројатно се должи на брзото ширење на подваријантата на Омикрон, меѓутоа и според епидемиолозите и според министерот за здравство, овој пораст не носи притисок врз здравствениот систем.

Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 15 дена, во просек дневно имало по 21.100 новозаразени и по 48 смртни случаи од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 2.900.334 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.160 лица

Грција Корона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.