Ковачевски пред заминување влезе во авионот да ги испрати фудбалерите и им вети премија од половина милион евра, доколку ја победат репрезентацијата на Португалија.
– Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштад, а владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците! Знам дека можете, им се обратил Ковачевски на фудбалерите.
Владата ги награди фудбалерите со ваква премија пред една и пол година кога Македонија во Тбилиси успеа да победи и да се пласира на Европското првенство.