Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштад, а владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците! Знам дека можете, им се обратил Ковачевски на фудбалерите

Пред македонските фудбалски репрезентативци да заминат за Порто,  премиерот на Р.С Македонија, Димитар Ковачевски, влезе во авионот на националниот тим за да им посака среќа на фудбалерите пред решавачкиот натпревар против Португалија.

Ако победиме во вторник, тоа значи пласман на Светското првенство во Катар.

Ковачевски пред заминување влезе во авионот да ги испрати фудбалерите и им вети премија од половина милион евра, доколку ја победат репрезентацијата на Португалија.

– Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштад, а владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците! Знам дека можете, им се обратил Ковачевски на фудбалерите.

Владата ги награди фудбалерите со ваква премија пред една и пол година кога Македонија во Тбилиси успеа да победи и да се пласира на  Европското првенство.