НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски и Петков со оптимизам од Софија, но без одговор дали во јуни ќе се крене ветото

0
By Соња Крамарска on March 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што знаете во првите недели од нашите мандати почнавме со нов дијалог кој се заснова на прашања кои гледаат кон иднината, и затоа создадовме работни групи и веќе добиваме резултати, рече денес премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Софија каде што учествува на состанокот на шефови на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа.

Ковачевски рече дека меѓу двете држави се одвиваат практични проекти меѓу компаниите и граѓаните, има подобрена комуникација меѓу нашите образовни институции, имаме оперативна авиолинија меѓу Скопје и Софија. „Министерствата за надворешни работи на двете земји работат и се на ниво на размена на идеи и документи, но се уште нема конечен документ за кој што сме договорени. Штом се случи тоа ќе споделиме“, рече тој.

„Комуникацијата меѓу две земји мора да се заснова на соработка, взаемно разбирање, доверба и почитување. Така треба две земји да комуницираат меѓу себе. Како и секогаш ќе има маргинални групи на двете страни кои не сакаат дијалог во добра насока, но сега имаме добра комуникација и имаме медиуми каде што доминираат вести за соработка која е присутна меѓу двете земји“, рече премиерот Ковачевски. „Комисиите работат независно од политичкиот дијалог. Тие ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци ќе ги споделат“, додаде тој.

На прашањето дали можете да го кренете ветото во јуни оваа година, бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека и денеска со Ковачевски дискутирале на на оваа тема. „Сакам да пратам порака до македонскиот и бугарскиот народ дека со Димитар работиме многу координирано и фокусирано, со временски рамки, си поставивме одредници. Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ и тоа што е можно побрзо сакаме да постигнеме резултат“, рече тој.

„Но како што сите знаеме поставивме од наша страна одредници за заштита на правата на малцинствата. Во блиска координација сме со европските партнери, очекуваме специфичен јазик кон кој заедно ќе работиме во текот на преговорите и се надевам дека ќе го постигнеме тоа“.

Петков нагласи дека односот меѓу Македонија и Бугарија сега значително е подобрен. „Имаме заедничка цел и со оваа криза во Украина, Западен Балкан треба да биде што постабилен а дел од таа стабилност е пристапување на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ. Работиме вредно, имаме состаноци, во следните неколку недели ќе забрзаме. Имаме добри вести од соработката меѓу министествата, и од Комисијата за историја. Некои работи беа тешки да се надминат, но сега има добри шанси за надминување. Оптимист сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар, што е можно поскоро“, истакна бугарскиот премиер Петков. (С.К.)

 

Димитар Ковачевски Кирил Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.