Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Духот на Палермо и министерот Тупанчески

0
By Соња Крамарска on March 28, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 15:18

Министерот за правда Никола Тупанчески со серија изјави утринава го поплави тајмлајнот на порталите и на агрегатите за вести, во обид да се оправда за одењето во Палермо и за јавната оцена на американската амбасадорка дека довербата во македонската судство е само 8 проценти.

Министерот вели дека е шокиран од јавната осуда и дека платил авионски билет на чартер летот за Палермо, потенцирајќи притоа и дека ниту една законска и етичка норма не е прекршена. За министерот не е спорно што јавноста за неговата спортска екскурзија во славниот град Палермо дозна кога беше објавена фотографија од трибините на која се гледа како тој во придружба на обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев, навиваат за нашата репрезентација. Не е спорно ни што заминал со чартер лет на кој не се наплаќаат билети, а излегува и дека не му е спорно ни што тој како претставник на извршната власт е во патувачка шема со судија и обвинител.

Јавноста притоа со право постави прашање дали тие платиле за летот до сицилијанскиот град, и дали министерот на пример бил однесен до аеродромот и назад со службен автомобил и со службено обезбедување. На тоа прашање логично е да додадеме уште едно прашање дали овие ВИП личности го користеле аеродромскиот ВИП салон и кој ја платил цената за тоа која не е мала.

Тројцата набрзина дадоа одговор дека платиле билети, иако праксата на организирање чартер летови од страна на Фудбалската федерација не е од вчера и сите познавачи кои ги консултиравме велат дека е мала шансата тие да платиле.

Во ред, никој нема да им бара доказ, иако е чесно самите да го приложат, кога веќе толку самоуверено тврдат дека платиле.

Подударноста што оваа афера е поврзана со Палермо – град прочуен по мафијашка историја уште повеќе дава простор за паралели. Овој град е познат по тоа што многу судии и обвинители ги положија своите животи во борбата со мафијашките кланови, и токму духот на Палермо требаше да го потсети министерот и неговата судско-обвинителска свита дека се обврзани на чесност и транспарентност, и дека јавноста со право ќе им бара одговори.

Освен прашањето за (не)платените билети, заслужува одговор и прашањето за независноста на судската власт од извршната, и спрегите меѓу овие две власти кои три децении спречуваат државата да изгради ефикасен и непристрасен судски систем.

Ако министерот Тупанчески, како што рече во неговото интервју утринава, смета дека се потребни радикални мерки за да се смени перцепцијата на граѓаните и ниската доверба во судството, најрадикално е да поднесе оставка после оваа екскурзија во друштво на судија и обвинител. Потранспарентен доказ за поврзаноста на судската и извршната власт -здравје!

Ќе биде иронично, секако, што во Палермо каде низ историјата се тркалаа судски и обвинителски глави во борба со мафијата, Македонија ќе истркала (политички) една министерска глава поради авиобилет и погрешен избор на друштвото. Но тоа е, секој со својата историја. Истото важи и за Фетаи и Нанев, бездруго.

Соња Крамарска

 

 

 

никола тупанчевски Палермо Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.