Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mакроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај глобалните случувања

0
By Biljana on March 30, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 10:57

Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст.

Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка, а пред се високото ниво на девизни резерви. Ова било истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), претставникот за Северна Македонија Анди Аранитаси, регионалната главна економистка на ЕБОР Ана Крешиќ и економската аналитичарка Оља Белиќ.

Од страна на претставниците на ЕБОР биле поздравени политиките кои ги спроведува Народната банка и биле оценети како соодветни на тековната ситуација во функција на одржување на макроекономската стабилност.

„На состанокот беше дискутирано во однос на макроекономската состојба во македонската економија по здравствената криза и мерките коишто беа преземени заради надминување на негативните ефекти. Притоа, беше посочено дека Народната банка овозможи соодветна поддршка на економската активност преку монетарните мерки, како и со прудентните мерки коишто овозможија солидна кредитна поддршка во текот на целиот период, a истовремено беше овозможено одржување и на стабилноста на банкарскиот систем. Kризата во Украина значајно го менува макроекономскиот контекст и во глобални и во домашни рамки. Таа значи надолен ризик за економскиот раст, а нагорен ризик за инфлацијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка внимателно ги следи информациите и движењата во економијата. Од страна на гувернерката на Народната банка, беше посочено дека и покрај добрата кондиција на девизните резерви и историски високата ликвидност на банките, на располагање се и дополнителни заштитни механизми со кои се гарантира макроекономската стабилност. Како најсвеж пример, Ангеловска- Бежоска го посочи продолжувањето на пристапот за Народната банка од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) до репо-линијата од 400 милиони евра, со која се обезбедува пристап до дополнителна девизна ликвидност доколку е потребно. Оваа линија досега не беше искористена. Имено ЕЦБ, во понеделникот оваа недела, за речиси една година ја продолжи важноста на репо-линијата за нашата централна банка“, се вели во соопштението на НБРМ.

Оттаму истакнуваат дека земјата ќе продолжи да работи на реформите со кои на долг рок ќе се зголеми продуктивноста и потенцијалот за раст на економијата. Фокусот ќе се стави на дигитализацијата и иновативноста, со цел искористување на компаративните предностите кои ги носи модерната технологија.

ЕБОР макроекономска стабилност НБРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.