Револтирани од присилното иселување од нивните простории, Сојузот на Борците како и голем број поддржувачи со транспаренти „Борците 2013 на улица“, „Почит кон НОБ и борците“, „НОБ најсветол македонски период“, „Вечни се придобовките од НОБ“, беа дел од маршот за како што велат „против недоличниот однос кон нив од актуелната власт“ и „како и деградација на веќе извојуваните слободи и придобивки од Народноослободителната борба.
Борците и луѓето поддржувачи на антифашистичката борба ги носеа во раце транспарените и извикуваа „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.
И покрај недозволувањето од страна на Град Скопје да постават бина на плоштадот од која ќе се обратат, тие од импровизирана говорница го изразија своето незадоволство од односoт на власта кон нив.
Пред насобраните се обрати генерал Тодор Атанасовски, учесник во Февруарскиот поход, кој порача дека НОБ е придобивка на сите граѓани без разлика на верската и национална припадност.