НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај повиците на премиерот за штедење Османи на средби во Норвешка

0
By Соња Крамарска on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес е во посета на Норвешка. Посетата, како што соопшти Министерството е на покана на министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аникен Хјуитфелд.

Од содржината на средбата со норвешката колешка се пренесува дека двајцата министри „изразија задоволство што двете држави, во речиси 30-годишната соработка, воспоставија партнерски и пријателски односи, кои се карактеризираат со редовен политички дијалог”. Понатаму се додава и дека Османи изразил благодарност за континуираната поддршка што ја добива нашата земја од Норвешка во изминатите три децении, при што оваа нордиска земја се вбројува меѓу земјите најголеми донатори за спроведување на реформската ЕУ агенда на Северна Македонија”.

„Норвешка отсекогаш била посветен поддржувач на нашиот реформски процес за интеграцијата во НАТО и ЕУ. Благодарни сме за континуираната поддршка што ја давате за унапредување на нашите интегративни процеси во ЕУ“, изјавил министерот Османи во Осло.

Министрите разговарале и за соработката во НАТО, руската инвазија на Украина и за македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Норвешка, која министерот Османи ја избра за своја дипломатска дестинација не е членка на ЕУ. Кралството одржа во два наврати референдуми за членство во ЕУ, во 1972 и во 1994 година, но граѓаните не дадоа поддршка на идејата за пристапување кон европското семејство. Во 2018 година беше спроведено уште едно европско истражување кое заврши со резултат дека 73,6 отсто од Норвежаните би гласале „против“ на референдум за членство во ЕУ.

Во Северна Македонија, пак, централно политичко прашање е зачленување во ЕУ за што се води силна дипломатска офанзива и лобирање меѓу земјите членки на Унијата да помогнат да се надмине бугарската блокада за почеток на преговорите за членство.

Инаку, поради економската неизвесност предизвикана од настаните во Украина, Владата прогласи дека почнува со штедење во државниот апарат вклучително и во министерствата кои се задолжени да приложат список со мерки за намалување на трошоците меѓу другото и во делот на патувања надвор од државата, и големината на делегациите. (С.К.)

 

 

 

 

 

 

Бујар Османи Норвешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.