НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први проекции на резултатите во Унгарија: Орбан 121 пратеник, опозицијата 77

0
By Соња Крамарска on April 3, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните на Унгарија излегоа на избори во голем број, што беше само по себе знак дека конзервативниот премиер Виктор Орбан ќе однесе уште една победа и ќе освои четврти по ред мандат.

Според првите проекции Орбан и натаму ќе ја предводи Унгарија. Првичните резултати покажуваат дека национално-конзервативната граѓанска алијанса на премиерот Виктор Орбан, позната под името Фидес, може да се надева на 121 место во парламентот, додека опозицијата би освоила 77 места.

Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан, но сепак не двотретинска победа.

На изборите им претходеа разместувања во опозицискиот блок кои резултираа со сојуз на шест политички партии со амбиции да го соборат 58-годишниот Орбан. Опозициската коалиција беше предводена од Петер Марки- Зеј.

Избирачките места беа затворени во 19 часот и она што првично се знае е дека излезноста на половина час пред затворањето на гласачките кутии била 67,8 отсто што е бројка слична на одзивот на гласањето на минатите избори во 2018 година.

Орбан и неговата сопруга Анико Леваи гласаа рано наутро во училиште во предградието на Будимпешта, најавувајќи „голема победа“.

Гласањето се одржа под огромен надзор на меѓународни набљудувачи, дури над 200. Илјадници доброволни посматрачи распоредија и владејачката Фидес и опозицискиот сојуз.

Прелиминарните резултати се очекуваат за доцна вечерва.

 

Виктор Орбан Унгарија избори 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.