Претседателот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин, побара Комитетот да ги анализира извештаите за цивилни убиства во киевското предградие Буча, повторувајќи го негирањето на руското Министерство за одбрана за каква било вмешаност во инцидентот.
„Според нашите информации, со цел да се дискредитира рускиот воен персонал, Министерството за одбрана на Украина им дистрибуираше на западните медиуми видео снимки снимени во градот Буча, регионот Киев, од наводен масакр на цивили“, се вели во соопштението од Истражниот комитет.
Кремљ ги доведе во прашање извештаите за Буча и ги отфрли сите обвинувања за руска воена вмешаност.
„Од она што го видовме, на тие видеа, на многу начини не може да им се верува, бидејќи има знаци на видео фалсификат и разни фалсификати откриени од нашите специјалисти од Министерството за одбрана“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите. „Ние категорично отфрламе какви било обвинувања“, продолжи тој.
На прашањето дали овие обвинувања од украинските власти ќе влијаат на текот на билатералните преговори, Песков одби да коментира, велејќи дека нема се уште договорен тајминг за следната рунда руско-украински разговори.