Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавени првите огласи од Оперативниот план за вработување, ќe бидат опфатени околу 15.000 невработени

0
By НОВА ТВ Balaban on April 5, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 5, 2022 11:40

За мерката Самовработување поради големиот интерес обезбедени се финансиски средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку двајца сопружници основаат компанија.

Агенцијата за вработување денеска ги објави првите јавни огласи за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти.

Од Агенцијата за вработување информираат дека за мерката Самовработување поради големиот интерес обезбедени се финансиски средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку двајца сопружници основаат компанија.

Преку мерката Практиканство, 1620 млади лица до 34 години ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место. Лицата ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход за период до три месеци.

– Мерката Вработување и раст на правни субјекти пак овозможува работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Мерката ќе опфати 262 невработени лица евидентирани во АВРСМ од следните целни групи: млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на панадемијата КОВИД-19 и Роми, појаснуваат од Агенцијата за вработување.

За овие мерки може да се аплицира во 30-те центри за вработување. За мерката Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти постои можност за електронска апликација преку системот е- Работа, достапен на веб- страната на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk.

За реализација на Оперативниот план за вработување за 2022 година предвидени се 1,8 милијарди денари, а се очекува да бидат опфатени околу 15.000 невработени лица.

Агенцијата за вработување вработување Огласи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.