Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски договорил увоз на пченица и од Бугарија

0
By Соња Крамарска on April 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2022 01:15

„Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза”, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот се наоѓа во Германија каде што на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир учествуваше на конференција во Берлин во рамките на Берлинскиот процес а тема е земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.
Министерот не соопшти за колкави количини пченица станува збор. Минатиот месец беше постигнат договор и со Србија да ја изземе Македонија од забраната за извоз на пченица и други стратешки прехранбени суровини. Забраната ја воведе државното раководство на Србија откако регионот и Европа се соочија со опасност од недостиг на пченица и други житни култури како последица од намалениот увоз од Русија и Украина. Министерот Николовски беше на средби во Белград од каде испрати порака до македонската јавност дека е постигнат договор со Србија да не го прекине извозот на пченица кон Северна Македонија.
Северна Македонија увезува 90 отсто од потребите од пченица и брашно од соседна Србија. Минатата година од Србија увезовме 67.000 тони пченица и 33.000 тони брашно.
Според Државниот завод за статистика во државата има нешто над 517 илјади хектари обработлива површина, но повеќе една третина не се обработува.
Македонското министерство за земјоделство донесе „Национален план за производство на храна“ со кој се предвидува државна поддршка на поледелските култури за пролетна и есенска сеидба, програма за распределба на земјоделско земјиште за производство на житни култури, интервентен фонд, како и дополнителни мерки преку донесување Стратегија за производство на храна и стратешки култури во 2022 година. (С.К.)

Бугарија Љупчо Николовски пченица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.