НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот со пожарот во тетовската модуларна болница се уште во „предистрага и анализа на доказите“

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум месеци по трагедијата во тетовската модуларна болница се уште е неизвесно дали ќе има кривична одговорност за 14 животи кои згаснаа во катастрофалниот пожар на 8 септември лани.

Тетовското обвинителство неодамна информираше дека надлежните обвинители секојдевно работат на случајот и дека детално го анализираат извештајот од германските експерти во кој на седум страници се содржани битни елементи за несреќата, но не прецизираа кога ќе излезат во јавноста со конечен извештај како се случила несреќата и дали некој и кривично ќе одговара.

Нова Тв побара одговори од Основното Јавно обвинителство од каде што велат дека предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово се уште е во предистрага поради што и не можат да споделат детали од истрагата со јавноста.

– Во овој момент се вршат анализи на прибраните докази, предистрагата се уште трае и ќе трае се додека не завршат анализите на сите докази, нема ограничувања со законски рокови кога станува збор за предистрага – објаснуваат од Обвинителството.

Според истрагата на крим-техничарите на МВР, пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. Вештачење вршеше и Технолошкиот факултет, кое треба да одговори на прашањето зошто модуларната болница, изгоре за само неколку минути.

Првичните информации дека продолжен кабел кој се прегреал го поттикнал пожарот кој за кратко време ја зафати болницата се очекува да добијат потврда во истрагата.

Активистите од движењето „Подобро за Тетово“ уште пред четири месеци побараа брзо расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани.

„Тетово и јавноста сакаат да знаат до каде е истрагата? Зошто Обвинителството објави дел од вештачењето на крим-техника без да го покаже извештајот на германските експерти? Досега немаме конкретен одговор дали болницата имала или не систем за противпожарна заштита“, реагираа активистите.

Според невладината организација, тоа што меѓу жртвите има и членови на семејствата кои биле принудени да се грижат за своите роднини, е уште едно кривично дело за кое обвинителството мора да бара кривична одговорност од управата на болницата.

– Истрагите треба да се спроведуваат без да се штити некој, на која и да е државна или партиска позиција, побараа тетовските активисти.

С.М.

 

модуларна болница обвинителство Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.