Бојан Јовановски-Боки доби казна од 9 години затвор, Фросина Ременски е ослободена, Миле Јовановски 2 години условна, Јасна Мандиќ 4 години, и Христина Карајованова-Блажевска една година затвор е епилогот од судењето за Меѓународен сојуз.
Казните се поради измама, помагање во измама и перење пари, а кај таткото на Боки Јовановски, Миле Јовановски и за чување дома непријавено оружје повеќе видови пиштоли и муниција за пиштолите.
Судијката Софче Гаврилова – Ефремова рече дека врз должината на траењето на постапката влијаела пандемијата, како и здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски. „Му оставивме на Јовановски повеќе од седум месеци време увид во доказите од неговиот телефон. Рочиштата беа јавни со мал исклучок на изведување на еден доказ. Остварен беше принципот на транспарентност“, рече судијката. (С.М.)