НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите во знак на револт му ги вратија благодарниците на министерот Беким Сали

0
By Соња Крамарска on April 7, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес напладне почна протестот на матичните лекари на кој присуствуваа над двеста здравствени работници – матични лекари, стоматолози, специјалисти, медицински сестри и лаборанти.

На протестот зборуваше министерот за здравство Беким Сали и се обиде да им додели благодарници на лекарите по повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, но лекарите не ги прифатија и му ги вратија благодарниците.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лили Чолакова Дервишова, рече дека министерот за здравство кој доаѓа од примарната здравствена заштита е последна надеж за спас на лекарите од тој сектор.

„Очекуваме корекција на капитациониот бод годинава, а в година и промена на моделот на плаќање“, изјави Чолакова и додаде дека „бодот пред четири години бил  зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци“.

Лекарите преку мирниот протест побараа да се смени и начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и на позитивната листа да се воведат нови лекови. Тие предлагаат и да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите.

Честитајќи им го Светскиот ден на здравјето, министерот Сали рече дека барањата на лекарите се прифатливи, но нагласи дека во Буџетот за годинава не се предвидени средства за покачување на капитацијата.

– Претставниците на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, изјави Сали и додаде дека засега работат на три можни модели за промена на начинот на кој се исплатуваат матичните лекари.

Матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми. Реагираат и дека Фондот за здравство им ги игнорира барањата веќе четири години. Апелираат дека само 13 педијатри работат во примарното здравство, а дека повеќе од 10 години нема стратегија за развој на здравството.

Договорено е работни групи од Министерството и здравството од идната недела да почнат да ги разгледуваат барањата и да ги решаваат проблемите.

(Љ.Б.)

вратени благодарници штрајк на лекари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.