Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога бил во бегство Мијалков во колата му биле пронајдени документи за трампа на плацевите на Водно со апартмани во „Панорама резиденс“

0
By Соња Крамарска on April 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2022 13:45

Откако тројца од обвинетите Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски – кум на Груевски детално го потврдија обвинителниот акт за предметот „Плацеви на Водно“, а сами со своите тврдења останаа обвинетиот Сашо Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски – првообвинет во случајот, обвинителката Лиле Стефанова побара затворски казни за Мијалков и за Груевски.

„Покрај кривичното дело перење пари, на Груевски му се става на товар и противправно стекнување имот и негово прикривање. Дополнително, тој се крие и е во бегство, па оттаму барам да му се одредат највисоките пропишани казни”, рече Стефанова.

Во однос на Мијалков таа подвлече дека иако тој ги негирал сите сведочења кои го  посочувале како организатор на купувањето на имотот за Никола Груевски, и знаел како што рече дека парите потекнуваат од кривично дело, „сепак организирал како да ги купи плацевите и како потоа да прикрива дека се на Груевски“.

„При претрес на неговото возило, кога беше во бегство, во кутија беа пронајдени токму договорите со ‘ССИ Инвестмент’ за трампање на плацевите за апартмани од 750 квадрати во ‘Панорама Резиденс’ на Водно”, кажа Стефанова.

Мијалков беше во бегство два дена во февруари минатата година, пред да му биде изречена пресудата за „Тврдина-Таргет“. Потоа тој сам се пријави во обвинителството, по што беше спроведен во куќен притвор.

За Ристо Новачевски, Стефанова потенцирше дека е единствениот обвинет кој од самиот почеток ги опишал кривичните дела, настаните, признал, и дека уште во истрагата посочил како се одвивале сите дејствија. „Неговата одважност ја ценам како исклучително значајна и сметам дека кај него се исполнети условите за казна која ќе биде условена”, истакна обвинителката.

Иако признаа на крајот, сепак изјавите на обвинетите Ненад Јосифовиќ и на Јордан Камчев, придонесоа за утврдување на фактичката состојба и се значајни, продолжи Стефанова. „Предлагам за нив минимални казни од пропишаните за делата за кои се гонат”, рече таа.

За мајката на Орце Камчев, обвинетата Ратка Камчева, Стефанова го повлече обвинението поради застареност на делото за кое е обвинета.

Претходно, во завршниот збор збор Лиле Стефанова истакна дека првата работа која преку доказите се утврди во овој судски процес, е дека обвинетиот Никола Груевски во 2012 година за себе преку фирмата „Сирах инженеринг“ си купил имот на местото Шербетница на Водно.

„За ова потврдија обвинетите Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, но и сведоците Серјожа Марков, Миле Јанакиески, Александар Јанакиески и Мартин Протоѓер. Сашо Мијалков во целост учествувал во овој процес, помагајќи му на Груевски да се купи земјиштето, а тој да не биде изложен никаде. Средил како тој имот да биде преземен од Камчев откако јавноста дознала, а учествувал и во натамошното прикривање и размена со три апартмана во ‘Панорама резиденс’”, подвлече Лиле Стефанова во завршниот збор.

Обвинителката се осврна и на тоа од каде му се на Груевски над 1,3 милиони евра за плацевите. „Се поставува прашањето од каде му се на Груевски над милион и триста илјади евра за да го купи имотот, кога тука ги видовме неговите примања, тие на сопругата и неговиот анкетен лист. Присвоил од парите од уплаќаната членарина од членството на ВМРО-ДПМНЕ, кои му се доверени како лидер, од донации, за да си ги купи плацевите. За тоа сведочеа Мартин Протоѓер, Миле, Гордана, Влатко Чинговски”, потсети обвинителката.

И Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев точно ги опишаа дејствата опишани во обвинението, што им се ставаат на товар на обвинетите Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Стефанова на ова судење изнесе докази потврдени со сведоци, дека Груевски со платата од околу 75.000 денари се стекнал со: два стана во кои живее, два на мајка му, уште два стана кои биле негови, но биле запишани на други имиња.

„Под едно од тие имиња е купен уште еден плац на Водно од 2.700 метри квадратни на која требало да се изгради куќата. На име на Ристо Новачевски, пак, освен фирмата ‘Сирах инженеринг’ што си ја отворил Груевски на негово име, го купил и плацот во Крушево, на кој требало да гради куќа еден ден кога немало да биде премиер“, рече обвинителката Стефанова и побара Судот да го конфискува овој привремено замрзнат имот и да ги конфискува и апартманите во ‘Панорама Резиденс’”.

Се очекува денес Судот, по завршните зборови да го соопшти датумот за изрекување на пресудата.

завршни зборови Лиле Стефанова Плацеви на Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.