Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ќе истражи и дали осомничениот за убиството на Тот бил осудуван во Словенија за производство на дрога

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 15:05

Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител ќе ја прибави целокупната документација поврзана со претходната крим евиденција на осомничените. Доколку лицата се осудувани во други држави, јавниот обвинител тоа ќе го има предвид во постапката, велат од Основното јавно обвинителство на прашање на Нова дали обвинителот кој ја води истрагата за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, ќе бара од неговите словенечки колеги информации во врска со тврдењата на тамошните медиуми дека Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството наводно бил осудуван во Словенија за кривично дело поврзано со производство и трговија на синтетички дроги во март 2017 година.

Словенечкиот весник Вечер, објави дека Ѓорѓиевски во Марибор предизвикал сообраќајна несреќа после која бил пријавен во полиција. Истрагата, според пишувањето на словенечкиот медиум, открила мала фабрика за производство на синтетички дроги сместена во куќа.

– За наведениот настан во кој се спроведува истражна постапка против три лица за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, интензивно се преземаат истражни дејствија за утврдување на фактите и обезбедување на доказите, но во интерес на постапката во овој момент не сме во можност да споделиме повеќе детали, велат од ОЈО за Нова.

Нова побара од Обвинителството (ОЈО) да ни потврди и дали во рамки на меѓународната соработка, словенечкото Обвинителство побарало какви било информации за македонскиот државјанин кога во таа земја наводно била покрената истрага за производство на синтетички дроги и ако е така како е постапено од македонска страна во овој случај:

-Евентуалните податоци кои се бараат по меѓународна правна помош во врска со кривични постапки во други земји, Јавното обвинителство ги прибира и ги доставува единствено до органите на земјата – барател, објаснуваат од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи утрово информира дека 28 годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен во скопската населба Аеродором, а околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот од 30 дена.

Освен А.Ѓ, приведени се и 19-годишната К.Л. и 22-годишниот А.К на кои, исто така, им е одреден 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека пред дискотека во Градскиот парк го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот кој подоцна почина на скопските клиники.

С.М.

 

дениос тот ракометар убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.