НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: Општината губи 200 илјади денари дневно заради штрајкот во образованието

0
By Biljana on April 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општината трпи последици од штрајкот на СОНК, односно кај превозот на учениците трпиме загуби и тоа Општината ја чини околу 200 илјади денари на ден што не е мала сума и тоа треба да го имаат предвид во СОНК, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој појаснува дека Општината обезбедува превоз за сите ученици, па ако е потребно и за две деца тој ќе им биде овозможен.

-Со тоа не испраќаме порака за заплашување, ниту да се ставиме на различна страна. Општината и наставниот кадар се на иста страна. Треба да разговараат, а не да преговараат и треба да се земе предвид целата тешка ситуација во која што се наоѓаме и секако апелирам до учениците, апелирам до родителите да се вратат во училиште и наставата да продолжи. Во спротивно се наметнува потребата за продолжување на учебната година, што ќе направи дополнителни компликации кај матурантите при нивниот упис на факултет, изјави струмичкиот градоначалник.

Додаде дека негов став е оти 10 отсто покачување е сосема доволно за перидот во кој се наоѓаме и би требало да биде прифатен со цел наставата да продолжи.

Вчера СОНК најави дека генералниот штрајк ќе продолжи и понатаму, откако Советот на Синдикатот вчера на седница одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е затоа што бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда.

За СОНК зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти и нивно усогласување со минималната плата.

Инаку, Костадинов денеска присуствуваше на настанот насловен како „Велигденска магија” што го организираа учениците од угостителската струка-готвачи во Средното општинско училиште “Димитар Влахов” во Струмица, за кој, како што рече градоначалникот, бил планиран од порано.

Костадинов Македонија образование штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.