НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Бугарија се обиде да провоцира, но мораме да останеме во процесот бидејќи немаме алтернатива за членство во ЕУ

0
By Соња Крамарска on April 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не дозволивме да потпаднеме под провокацијата при отворањето на културниот клуб на бугарската заедница во Битола. Некои луѓе во бугарската делегација беа дојдени со цел да провоцираат реакција која ќе им биде алиби пред Европа и светот, дека во Северна Македонија се газат човековите права и правата на етничките заедници“, рече денес министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите.

Османи рече дека не е проблем отворањето на клубот во Битола туку името што му е дадено и Бугарија ќе треба да објасни пред еврејската заедница и пред светот зошто им се важни личности како Ванчо Михајлов.

„Процесот на разговори со Бугарија продолжува, нема да подлегнеме на провокации ниту на емоциите. Но ние не можеме да ги внесеме Бугарите во Уставот пред завршувањето на процесот“, рече шефот на дипломатијата. Тој дополни дека фактот што македонскиот државен врв не бил во Битола, говори дека за нас е неприфатливо клубот да го носи името на Ванчо Михајлов. „Дадовме јасна порака со тоа што не бевме дел од настанот со отворањето на клубот. Таму имаше луѓе од бугарска страна кои дојдоа со цел да провоцираат, но имаше и луѓе кои дојдоа за да ги спасат разговорите, како премиерот Петков“, рече министерот Османи.

Тој потенцираше дека не успеал наративот дека Македонија не почитува човекови права – наратив што сакала бугарската страна да го прикаже, и дека државава излегла како победник од обидот за провокација минатиот викенд.

„Не можеме да ги прекинеме преговорите со Бугарија, и да ги замрзнеме, бидејќи после 10 години пак ќе треба да се вратиме и тогаш ќе биде потешко. Ако сега правиме политика со емоции, ќе се отрезниме на најтежок можен начин. Мора да продолжиме на европскиот пат, бидејќи немаме алтернатива, но ќе кажуваме и што може а што не може. Ова е тежок процес, во кој не добиваме поддршка од јавноста, но некој мора да го води“, потенцираше Османи. (С.К.)

 

Битола Бујар Османи Ванчо Михајлов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.