600 невработени лица ќе добијат можност да бидат работно ангажирани како даватели на социјални и здравствени услуги во заедницата, пишува на Фесјбук страницата на Агенција за вработување.
Со оваа мерка невработените лица од евиденцијата на АВРСМ ќе добијат 9.000 денари месечно во период од 6 до 9 месеци за ангажман од 20 работни часа неделно.
„Програмата Општинско корисна работа која овозможува зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработени лица, насочени кон обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво, повеќе години успешно се имплементира како дел од Оперативниот план за вработување и дава значителни резултати. Тоа се должи на фактот што програмата обезбедува двојна корист , давајќи им можност на невработените лица да се вклучат на пазарот на трудот и да бидат корисни за граѓаните на заедницата на кои тие им се најпотребни.“ истакна заменик директорот на Агенцијата за вработување Васко Стефанов.