НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Словенија, Јанша и Голоб во тесна трка

0
By Biljana on April 22, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер Јанез Јанша во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб, претставувајќи се како негов антипод.

Словенците в недела ќе изберат 90 пратеници во деветтиот состав на Државниот збор (парламентот) откако Словенија стана независна.

Според анкетите, Движењето за слобода кое пред изборите го формираше Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со големата државна енергетска компанија ГЕН и Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер се во тесна трка.

Неизвесно е и која е трета насилна партија затоа што поддршката е речиси израмнета и за Левица и за Социјалдемократите.

Изборниот праг од четири отсто сигурно ќе го поминат и демохристијанската Нова Словенија, а на работ се центристичката партија „Да ја поврземе Словенија“ (ПОС) и партиите на Аленка Братушек (САБ) и на Маријан Шарец (ЛМШ).

За влез во парламентот се борат дваесетина партии и граѓански листи, а се смета дека за стабилна идна влада во коалицијата треба да има најмалку три или четири партии со околу 55 пратенички места во новиот парламентарен состав.

– Издржавме и направивме сè што требаше, одиме мирно на избори и ќе се бориме за гласови до затворање на гласачките места во недела, рече Јанша на завршната предизборна конвенција на неговата Словенечка демократска партија (СДС) која ја води речиси 30 години.

Пред своите поддржувачи и кандидатите за места во новиот парламент, Јанша зборуваше за успесите на неговата влада во спречувањето на пандемијата на Ковид-19 во последните две години, невработеноста која достигна најниско ниво од 2008 година и субвенциите што неговата влада ги дава на бизнисите и граѓаните.

– Докажавме дека сме влада која им помага на сите во криза, без да прави разлика меѓу луѓето и ќе бевме поуспешни доколку не наидевме на силен отпор, им рече Јанша на приврзаниците.

Тој го обвини Роберт Голоб, ривал за премиерската позиција и левичарската опозиција што го поддржува, за политички илузионизам. Тој го смета за експонент на „длабоката држава“ и претставник на привилегираната општествена класа, а во кампањата постојано укажуваше на енормно високата менаџерска плата на Голоб и неговата наводна поврзаност со поранешниот претседател Милан Кучан, кого Јанша го смета за „патријарх“ на словенечката левица.

Голоб, кој влезе во политиката со неговата партија Движење за слобода на почетокот на оваа година, вели дека негова цел е да создаде стабилна влада на либералниот центар и левицата која ќе владее со земјата два мандата и ќе ги направи неопходните промени во земјата и во целост одби можност за коалицирање со партијата на Јанша.

– Луѓето мора сами да одлучат дали сакаат да живеат во полициска држава која под маската дека се бори против пандемијата ја воведе актуелната влада под. Во недела гласањето не е против Јанша туку против полициската држава, рече Голоб во еден од неговите последни медиумски настапи.

Тој очекува неговата партија да освои најмалку 25 места во парламентот и да формира влада во соработка со либералниот центар и левицата, влада која во парламентот ќе има најмалку 50 гласа за поддршка.

Претпоставката е дека ако освои релативно мнозинство во новиот парламент, тој би направил коалиција со Левица, социјалдемократите САБ и ЛМШ, под услов да влезат во парламентот.

Според словенечките набљудувачи, коалицискиот потенцијал на Јанша е помал бидејќи зависи пред сè од успехот на изборите на христијанските демократи од Нова Словенија (НСИ) и од листите на десницата кои беа составени непосредно пред распишувањето на изборите, а чиј резултат е неизвесен.

Јанша, ветеран на словенечката политика, в недела се бори за својот четврти мандат како премиер. Сепак, тој само еднаш издржа цели четири години на функцијата, во мандатот од 2004 до 2008 година.

Поради специфичноста на словенечкиот изборен систем, во владејачките коалиции мора да бидат вклучени најмалку три партии, па дури и во тој случај не секогаш им се гарантира стабилност.

голоб Јанша Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.