Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Провокации од Софија виа Скопје: Северна Македонија е далеку од европскиот пат

0
By Соња Крамарска on April 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 24, 2022 13:05

„Посетата на бугарската делегација на отворањето на културните клубови предизвика голема бура во медиумите во Северна Македонија. Со ваквиот однос на македонската влада, опозиција и македонскиот народ, се докажува дека Северна Македонија не е спремна и е многу далеку од европскиот пат. Не може некоја држава да бара да стане членка на европското семејство, а притоа да не ги исполнува европските вредности“, вели во колумната „Воскресенето треба да ги обедини Бугарите и Македонците“, објавена на насловната страница на бугарската агенција БГНЕС, авторот Тодор Вангелов, потпишан како македонски Бугарин од Скопје.

„Денес сме сведоци дека, и покрај сите макотрпни напори што ги прави Бугарија за да се реши заедничкиот проблем, односно тоа е проблем на РСМ, РС Македонија нема ни малку желба да мрдне чекор напред од мртва точка. Застаната е некаде во далечната 1944-45 година и нема волја да промени нешто“, вели авторот во колумната, која е објавена и од порталот Трибуна на македонски јазик зад кого стои Здружението на граѓани за слободно медиумско изразување ТРИБУНА од Прилеп.

Во опширниот текст се изнесуваат жестоки обвинувања на адреса на Македонија и политичкиот врв, при што се дава оценка дека политичките партии во Македонија „се заостанати во титово време“ и се нагласува дека „во нашата РС Македонија се шири омраза кон тие што ја зборуваат вистината“.

„Некои великодостојници не признаваат постоење на македонски Бугари односно според нив тоа би било цепење, делење на македонската нација. Но, ако одиме по таа логика, нели веќе македонската нација е расцепена, разделена на Срби, Власи, Роми, Албанци…? Зошто е проблем да се впишат и Бугари во македонскиот Устав? Зарем некој се плаши од тие 3504, според фалсификуваниот попис, Бугари?“, пишува авторот.

Во контекст на Велигден во текстот се вели дека на Теолошкиот факултет во Македонија, „исто како и на историскиот, се учи една фалсификувана црковна историја во која Охридската Архиепископија се прикажува како некаква македонска Црква а за Егзархијата се учи дека била Црква создадена за продор на бугарската пропаганда во Македонија т.е бугаризирање на македонското словенско население“.

„Република Северна Македонија треба да го испочитува и исполни договорот кој го потпиша со Бугарија, пред сѐ впишување на Бугарите во македонскиот Устав. Без тоа нема да заврши страдалниот пат, нема да стигнеме до заедничкото Воскресение“, порачува авторот на колумната. (С.К.)

БГНЕС колумна Тодор Вангелов Трибуна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.