Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата во модуларната болница во Тетово е при крај, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Јовески раскажува стари вести

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2022 15:21

Жал ми е што оваа голема трагедија се користи во политички цели. Обвинителството од почетокот презеде сè и одговорно пристапи. Очекувам за многу брзо Обвинителството во Тетово да се изјасни за случајот со трагедијата во тетовската модуларна болница, одговори јавниот обвинител Љубомир Јовески на пратеничко прашање од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако ние, како што беше поставено прашањето, сакаме да го забошотиме овој случај, немаше уште вечерта на помош на Обвинителството од Тетово да им ставиме на располагање двајца дежурни обвинители од Скопје и сите ресурси со кои располага ЈО. Дека Обвинителството постапува објективно зборува и фактот што се побара меѓународна помош од германски експерти за вештачење. Во овој дел од постапката не се преземени само овие вештачења, сослуашани се и други лица, има вештачење од техничкиот факултет на електричната инсталација. Сакам да ве уверам дека целосно го истражуваме овој случај и на поставените дилеми ќе дадеме одговори, рече Јовески.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков рече дека не е задоволен од одговорот на обвинителот Јовески и дека тој наместо одговор на пратеничкото прашање, дал вести стари седум месеци, што ги објавиле медиумите.

Јовески додаде дека истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември лани, при што во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, е при крај и деновиве, за брзо време очекува Основното јавно обвинителството во Тетово да донесе одлука за овој настан.

Според истрагата на крим-техничарите на МВР, пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. Вештачење вршеше и Технолошкиот факултет, кое треба да одговори на прашањето зошто модуларната болница, изгоре за само неколку минути.

Првичните информации дека продолжен кабел кој се прегреал го поттикнал пожарот кој за кратко време ја зафати болницата се очекува да добијат потврда во истрагата.

Активистите од движењето „Подобро за Тетово“ уште пред четири месеци побараа брзо расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани.

Јовески модуларна болница пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.