Црногорскиот парламент со мнозинство гласови ја избра 43-та влада, предводена од премиерот Дритан Абазовиќ, прва малцинска влада во историјата на земјата.
Новата влада има четворица потпретседатели и вкупно 18 министерства, а покрај Обединетата реформска акција на Абазовиќ, во неа се и претставници на помали партии што ги претставуваат Хрватите и Бошњаците,
Абазовиќ во своето излагање е посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои имаат пет приоритетни области: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во ЕУ, одржлив развој и заштита на животната средина како и афирмација на децата и младите.
– Сите членови на владата се должни да се занимаваат со иднината на Црна Гора, а не со нејзиното натамошно заробување во минатото. Затоа сум горд што за прв пат ќе соработуваат субјекти кои досега директно не соработувале, рече Абазовиќ.
На почетокот на февруари, црногорскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ по судирот меѓу Кривокапиќ и неговиот тогаш единствен потпретседател Дритан Абазовиќ.