Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арифи за Вашингтон не, но за Брисел била дел од комбинаториките за амбасадор во ЕУ, потврди Османи

0
By Biljana on May 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2022 11:48

„Никогаш немало барање, пратено агреман ниту имало предлог за поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Анкара и Вашингтон. Имало размислување за Брисел но немало формализиран предлог“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција.

Османи не е сигурен дека во јуни, Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија. Според него, направено е се што се барало, а доколку датумот не биде доделен, тогаш, за одговорноста кажа дека е во Бугарија и ЕУ. Османи кажа дека ќе опадне и заинтересираноста на граѓаните за овој процес, со тоа Македонија ќе треба да се посвети на внатрешните проблеми.

За посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји, рече дека била во насока да се надминат разликите меѓу Македонија и Бугарија.

„Со Вархеји се разменуваа идеи како да се надминат разликите во однос на содржината на преговарачката рамка, тој е претставник на Комисијата која ја предлага преговарачката рамка. Не можам да кажам што се размислувањата, но добро е што комесарот се движи во Скопје и Софија“, кажа Османи.

Во однос на тоа што бугарската авиокомпанија Гуливер прекина да продава карти за летот од Софија до Скопје од 21 мај, Османи рече дека одговорноста ја презела Бугарија.

„Првата фаза беше обид, ова запирање е процес на преговори помегу компанијата и Бугарија“, посочи министерот Османи.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Линдсбергис, на заедничката прес конференција со Османи, порача дека почетокот на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија треба да започнат пред крајот на француското претседавање со Унијата.

„Сега е времето да се направи пробив, без дополнителни одлагања, меѓувладината конференција со Северна Македонија и со Албанија мора да се одржи пред крајот на француското претседателство со ЕУ. Се работи за кредибилитетот на ЕУ и одржување на ветувањата за политика на отворени врати дадени пред неколку децении“, рече Линдсбергис.

Арифи Бугарија Македонија Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.