НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сепак ќе се лета од Скопје за Софија и обратно, авиолинијата ќе опстои, тврдат надлежните

0
By Biljana on May 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќе од месец од стартот на комерцијалните летови на релацијата Софија-Скопје вчера се отвори прашањето за нејзиното натамошно опстојување откако дел од медиумите објавија дека „Гуливер“, авиокомпанијата која го опслужува летот, нема да продава билети по 21-ви месецов, но авиопревозникот, како и бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев тврдат дека авиолинијата ќе опстои.

-Летовите помеѓу Скопје и Софија ќе останат и по 15 мај. Остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана, во моментов операторот на летот е пред промена, рече вчера Сабев во изјава за МИА.

Од „Гуливер“, пак, соопштија дека во моментов не планираат да ги прекинат летовите на релацијата.

-За да се подобри удобноста на патниците, авиокомпанијата бара опции за да обезбеди поудобни часови на летовите. Се надеваме дека по завршувањето на поправката на пистата на скопскиот аеродром ќе добиеме подобри времиња на летови, велат од авиокомпанијата.

Оттаму информираа дека го раскинуваат договорот со актуелниот закуподавач на авионот кој работи моментно и оти треба да изнајмат нов авион од истиот модел, ATR 72. Сите тие чекори се преземаат и со оглед на постигнување предвидливост за клиентите на авиокомпанијата во согласност со моменталната состојба во регионот и се во голема мера погодени од војната во Украина, посочија од авиокомпанијата.

И од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите во државава, вчера информираа дека немаат добиени никакви информации од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање.

Од Владата, пак, велат дека авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец.

– Во однос на авиолинијата Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, изјавија од Владата, посочувајќи дека воспоставувањето на летот е од комерцијален аспект.

Можниот прекин на авиолинијата ја коментираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, а според неговите информации причина се преговорите меѓу компанијата и бугарската Влада за субвенционирање.

-Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, рече Османи, во одговор на новинарско прашање.

Авиолинијата профункционира како резултат на договорената соработка на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, како прв чекор за реализација на заеднички активности во име на развој на пријателството меѓу двете држави.

По заедничката меѓувладина седница на Северна Македонија и Бугарија на 25 јануари годинава, беше потпишан Договор за соработка, и уследија разговори на надлежните институции. Авиолинијата симболично стартуваше на 10 февруари кога со авион на Гуливер од Софија во Скопје допатуваа делегации од двете држави предводени од ресорните министри за транспорт и економија, туроператори и бизнисмени кои имаа заедничка средба за утврдување на деталите за функционирање на летот.

На 26 март годинава со стартот на летниот ред на летање, со авион од типот ATR 72 – 600 со капацитет за транспорт на 70 патници, авиокомпанијата Гуливер го реализираше првиот редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје.

За авиолинијата која ги поврзува двата главни града за само 30 минути и што сообраќа двапати неделно беше изразено уверување дека има огромен потенцијал и оти ќе биде користена за туристички и за деловни патувања.

летови Македонија Скопје Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.